КД Кеш Депозит е новиот инвестициски фонд кој доби одобрение за основање од Комисијата за хартии од вредност. Основач на фондот е Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови од Скопје. Инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето. Затоа, Друштвото планира да ги вложува средствата од имотот на Фондот претежно во портфолио на нискоризични должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари. Хартиите од вредност каде што Фондот ќе ги инвестира средствата предвидено е да бидат од издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на Македонија, земји-членки на ЕУ и ОЕЦД, земји од Јужна и Источна Европа (Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Украина) и БРИК-земјите (Бразил, Русија, Индија и Кина).
КД Кеш Депозит е новиот инвестициски фонд кој доби одобрение за основање од Комисијата за хартии од вредност. Основач на фондот е Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови од Скопје.
Како што информираат од Комисијата, инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето. Затоа, Друштвото планира да ги вложува средствата од имотот на Фондот претежно во портфолио на нискоризични должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари.
Хартиите од вредност каде што Фондот ќе ги инвестира средствата предвидено е да бидат од издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на Македонија, земји-членки на ЕУ и ОЕЦД, земји од Јужна и Источна Европа (Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Украина) и БРИК-земјите (Бразил, Русија, Индија и Кина).
Друштвото за управување со фондови КД Фондови којшто е 9-ти инвестициски фонд освен со новиот КД Кеш Депозит, управува и со уште два инвестициски фонда и тоа КД Брик и КД Јужен Балкан.